Младиот Марко Луканоски во составот на националниот тим за денешниот меч со Унгарија

Селекторот Марјан Илиевски го заокружи ростерот на машката сениорска репрезентација на Македонија за последниот натпревар од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар, со повикот за младиот центар Марко Луканоски.

Луканоски ќе биде последниот, 12-ти играч, во составот за вечерашниот дуел кој од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија го игра против Унгарија.

Селекторот Марјан Илиевски одлучи да му даде шанса на младиот центар, кој е составен дел од тимот од самиот почеток на овој репрезентативен циклус.

Луканоски, кој беше најдобриот наш играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години кое ова лето се играше во Ереван, за прв пат во својата кариера ќе биде во конкуренција за најдобрата селекција.

Поради повреда, надвор од тимот за денешниот натпревар со Унгарците е Адем Мекиќ, недоволно закрепнатиот Марко Миловановиќ, како и Тома Стојаноски, кој ќе бара нови „сениорски минути“ во некој од наредните репрезентативни циклуси.

Се вчитува...