Барселона ќе почека барем уште 24 часа за да стане нов шампион Шпанија, откако вечерва Реал Мадрид славеше на домашен терен со 2-1 против Мајорка во натпревар од 36. коло во Ла лига.
Гостите стигнаа до шокатно водство од 0-1 уште во 11. минута со погодокот на Мартин Валјент. Во вториот дел „кралевите“ заиграа подобро па успеаја да израмнат на 1-1 преку Килијан Мбапе во 68. минута.
Домаќините на крајот сепак успеаја да стигнат до триумф откако 20-годишниот Рамон стрелаше за 2-1 во 95. минута.
Real Madrid [2] – 1 Mallorca – Jacobo Ramon 90+5'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

