Младиот американски тенисер Бен Шелтон е вториот полуфиналист на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен.
Шелтон во четвртфиналето во домашното дерби славеше над својот сонародник Френсис Тиефо со 3-1, по сетови 6-2, 3-6, 7-6 и 6-2. Во полуфиналето за противник Шелтон ќе го има Србинот, Новак Ѓоковиќ.
Кај дамите втора полуфиналистка е чешката тенисерка Каролина Мухова која со максимални 2-0 6-0 и 6-3 славеше против Романката, Сорана Кирстеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

