Младата репрезентација на Македонија денеска од 13 часот во осмиот свој натпревар во групата од квалификациите за ЕП 2025 на гостувањето против Гибралтар на задолжителен триумф за „лечење на раните“ по убедливиот пораз од Холандија од 5-0.
Избраниците на Драган Канатларовски против најлесниот можен ривал, безусловно, посакуваат победа со која ќе се издвојат од последните две позиции на табелата во Групата Ц, иако сосема јасно од поодамна без шанси за некое од водечките две места на табелата.
Македонија во првиот меѓусебен натпревар во Скопје славеше против Гибралтар со 1-0. Во селекцијата ќе го нема напаѓачот Марио Илиевски, кој беше префрлен во А-тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА