Младите боксери на прием во МОК

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, претседателот Даниел Димевски приреди прием за нашите млади боксери Ален и Адријан Рустемовски, кои постигнаа извонреден успех на Европското првенство за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ.

Ален Рустемовски се закити со сребрен медал, а неговиот брат Адријан Рустемовски освои бронза, под стручна подготовка и водство на тренерот Јове Петровски. На приемот присуствуваше и претседателот на Националната боксерска федерација на Македонија, Кристијан Андреевски, кој заедно со претседателот Димевски им честиташе на младите спортисти за нивниот труд, посветеност и спортски дух.

Овие резултати се доказ дека македонскиот бокс има блескава иднина и дека младите генерации го продолжуваат патот на успехот со истата страст и решителност.

Се вчитува...