Младите боксери на турнир во Бугарија

Кадетската боксерска репрезентација на Македонија ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Емел Жечев“ во Ботевград, Бугарија. Нaтпреварите започнуваат утре претпладне, а нашата држава ќе ја претставуваат тројца боксери.

Ахмет Јашаров ќе настапи во категоријата – 48 кг, Рузгар Асановски во категоријата – 52 кг., а Ардијан Аземи во категоријата + 80 кг. Селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Насер Харуни очекуваат добар настап на младите македонски боксери на овој квалитетен турнир.

Според ждрепката, Ахмет Јашаров во полуфиналето во категоријата – 48 кг., во полуфиналето се среќава со Коста Ромеа од Велс. Рузгар Асановски ќе боксува против Мејтеи Санџарамбам од Индија во категоријата -54 кг.

Во категоријата + 80 кг, Аземи Ардијан за противник го доби домашниот боксер Мартин Бебов.

Се вчитува...