Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска со дуелот против Грузија од 13 часот на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
По неочекуваниот пораз од Молдавија, избраниците на Драган Канатларовски сега посакуваат враќање на победите и враќање во игра за една од водечките две позиции во Групата Ц.
„Можам да ветам дека ќе одиграме максимално борбено и ангажирано на секој дел од теренот и во текот на сите 90. минути. Тоа е нашата одлика што не красеше на првите два меча, голема пожртвуваност и надигрување. Ќе го дадеме нашиот максимум се со цел да се вратиме на победничките патеки, по неочекуваниот пораз од Молдавија. Репрезентацијата на Грузија е доста незгоден противник, но доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе славиме победа и ќе освоиме три бодови. Се подготвуваме за овој натпревар, ги слушаме советите од нашите тренери, знаеме кои се нивните слабости, знаеме што е потребно за да се издвојува победа која ни е неопходна во овој момент“ – вели Николов.
Во вториот натпревар од нашата група денеска Холандија од 20 часот на домашен терен го пречекува Гибралтар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА