Литванскиот кошаркар во редовите на Монако, Донатас Монтејунас кој зад себе има богато искуство настапувајќи и во НБА лигата за Хјустон, Њу Орлеанс и Сан Антонио во пресрет средбата против Партизан во Евролигата за српските медиуми говореше на повеќе теми.
Една од нив беше и споредбата на новата и старата генерација на играчи, а според изјавата може да се заклучи дека 33-годишникот воошто не е фан на новите трендови.
„Младите играчи денеска мислат само на постигнување на поени. Тие се мекуши. Во мое време најстариот играч ќе ти дојдеше во соблекувалната, ќе ти мавнеше шамар и никој немаше да каже ниту збор. Беше така бидејќи се почитуваше авторитет. Немаш ти авторитет да му викаш на постар играч или пак да му вратиш. Сега младите не ги слушаат ниту тренерите, се лутат кога ќе бидат заменети“, изјави Монтејунас кој за пример го зема и неговиот поранешен соиграч, литванскиот репрезентативец Мантас Калниетис кој трчал до сала за тренинг.
„На неколку интервјуа кажа дека за него било забавно да го прави тоа. Но, ситуацијата беше таква што не можеше да си дозволи превоз до тренинг. Денеска младите ги возат шофери како мали бебиња“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА