Младата репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 5-0 на гостувањето против Холандија во седмиот свој натпревар во квалификациите за ЕП 2025. Избраниците на Драган Канатларовски во седмиот свој меч во квалификациите го запишаа и петтиот пораз, останувајќи на две победи досега.
Големиот фаворит Холандија поведе уште во 2. минута од средбата во Алмере.
Рехир, по одличното проигрување од Охајо, стрелаше прецизно за водство од 1-0.
Холанѓаните дојдоа до 2-0 во 22. минута благодарение само на катастрофалната грешка на македонскиот голман Марко Алчевски, кој најпрво им подари топка на противниците пред својот гол, а потоа неспретно реагираше по шутот на Ноа Охајо…
Во второто полувреме продолжи голеадата на „лалињата“. Најпрво Манхоф двапати стрелаше, во 60. и во 68. минута носејќи предност и од 4-0. А, Рехир со својот втор гол во 73. минута заокружи за конечни 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА