Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ја совлада Бугарија со 2-0 на вториот пријателски натпревар што се одигра на гостински терен во Софија. Избраниците на селекторот Марио Вујовиќ прикажаа одлична игра и заслужено славеа во дуелот со соодветната селекција на нашиот источен сосед.
Андрија Живиќ во 26. минута и Иван Николов во 50. минута ги постигнаа головите за репрезентацијата на Македонија. Во првиот пријателски меч меѓу овие двете селекции, дуелот заврши без победник, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА