Младите фудбалери на ФК Њу Старс, Александар Трајковски (17 години) и Стефан Милчевски (16 години) реализираа интернационален трансфер потпишувајќи за српскиот суперлигаш Раднички од Ниш.
Њустарс е еден од најпрепознатливите домашни клубови за работа со млади категории, издвојувајќи уште еден трансфер на интернационалната сцена за македонските фудбалски таленти.
„И понатаму продолжуваме со успешни соработки со клубовите од странство. Уште еден доказ дека посветено и напорно работиме за успех на младите играчи“ – информираат од ФК Њу Старс.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

