Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година предводена од новиот селектор Добринко Илиевски го одработи официјалниот тренинг на стадионот „Караџорџе“ во Нови Сад пред утрешниот натпревар против Србија во квалификациите за ЕП.
Во позитивна атмосфера новокомпонираниот состав на Илиевски ги одработи последните тренинзи во Нови Сад пред седмиот наш натпревар во Групата 7. Македонија по шест кола е на последното место во групата, со само една победа против Ерменија, и пет порази.
Голманот Ристе Јанков е неизвесен за настап на утрешниот дуел, поради што дополнително е повикан Томас Божиновски, а од комбинација поради повреда отпадна Аломеровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА