Младата репрезентација на Македонија денеска под пролетни услови ги одработи тренинзите во Фаро, Португалија, каде во вторник (10. октомври) ја очекува квалификацискиот натпревар против Гибралтар.
На температура од 25 степени Целзиусови, избраниците на Благоја Милевски се подготвуваат на крајниот југ од Португалија, посакувајќи во вторник да стигнат до вториот триумф во квалификациите, а зад себе оставајќи го претходниот пораз од Србија.
Македонија сега ќе биде без Елиф Елмас и Никола Ѓоргев кои се приклучија на сениорската репрезентација за дуелот против Лихтенштајн во Струмица. Токму поради тоа Милевски, во желбата да го засили средниот ред, дополнително го повика фудбалерот на Вардар, Бесар Исени.
На тимот, како што е познато, нема да може да му помогне и стоперот Чешмеџиев кој заработи црвен картон на средбата со Србија.
Гибралтар и Македонија ќе играат на 10. октомври со почеток од 17 часот на стадионот Алгарве во близина на Фаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА