Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година доживеа убедлив пораз од 0-3 од селекцијата на Летонија во првиот натпревар на пријателскиот турнир којсе игра во Анталија, Турција.
По пет едноподруго натпревари без пораз, избраниците на Драган Канатларовски денеска одиграа лош натпревар дозволувајќи убедлива победа на Летонците од 0-3 (0-1).
Сите три гола беа по катастрофални грешки во нашата одбрана, и тоа оставајќи топки на противниците на 30 метри пред македонскиот гол.
Првиот погодок противниците го постигнаа во 45. минута…
Во 69. минута повторно по грешка на 30 метри, Летонија зголеми на 0-2.
А, во 83. минута по еден долг дегажман и несигурност во македонската одбрана беше заокружено на 0-3.
Покрај мечот со Летонија, нашите млади фудбалери овој контролен период ќе одиграат натпревари и против Финска (25. март) и Словачка (28. март).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА