Младата репрезентација на Македонија ја очекуваат двата клучни натпревари против Израел во битката за втората позиција во Групата 6 од квалификациите за Европското првенство. Првиот веќе на 13. октомври во Скопје на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
А, Израелците со триумф од гостувањето против Црна Гора доаѓаат во Скопје. Израел победи со 1-2 во тежок натпревар, во кој имаше и две исклучувања – по едно на двете страни, благодарение на голот на Алмог во 83. минута од средбата. Претходно гостите поведоа со погодокот од пенал на истиот фудбалер уште во 15. минута, а Црна Гора израмни со голот на Крстовиќ во 50. минута.
Јасно е дека Македонија и Израел во директни пресметки до крајот од квалификациите ќе одлучуваат околу втората позиција на табелата во Групата 6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА