Македонската јуниорска машка репрезентација во изминатите десет дена беше дел од Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б и го освои четвртото место.
Репрезентативците денеска се сретнаа со генералниот секретар на кошаркарската федерација на Македонија, Владимир Георгиевски, спортскиот директор Тодор Гечевски, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Раководството на КФСМ ја поздрави одличната игра на јуниорите кои стигнаа до полуфиналната фаза на шампионатот во Орадеа.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го потенцира и ненадминливиот труд на репрезентативците и на целиот стручен штаб за запишаниот успех на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА