Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години ја забележа и втората победа во ниа на ФИБА-челинџерот што се одржува во Тбилиси, Грузија. По вчерашниот триумф над Малта, нашите млади кошаркари денескаа беа подобри и од врсничките од Албанија, славејќи со убедливи 72-46.
Албанките парираа само во почетните пет минути, веднаш потоа следеше серија поени на Македонија со што нашата млада селекција ја доби почетната четвртина со 19-11. Цврстата одбрана беше заштитен знак на македонската репрезентација во текот на целиот натпревар, противникот постигна само осум поени во втората четвртина, а на одмор се замина со убедливи 34-19 за Македонија. Предноста продолжи да се зголемува до крајот на мечот, за убедливи 72-46 за Македонија.
Михаела Алексовска одигра одличен наптревар и со 32 поени беше најефикасна во македонскиот табор, а двоцифрен ефект имаше уште и Марија Николов, која забележа 13 поени и 6 асистенции.
Младите кошаркарки утре имаат слободен ден, по што в петок ги очекува дуел со селекцијата на Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА