Младите Лорент Жаку и Дитмир Хоџа се нови засилувања на Работнички

Младите и перспективни фудбалери Дитмир Хоџа и Лорент Жаку, се нови играчи на Работнички. Двајцата доаѓаат од таборот на Воска Спорт, тим кој е преселен во понизок ранг.

16-годишниот Хоџа игра на позицијата напаѓач, и висок е 191 сантиметар. Исто така може да игра и на позицијата офанзивен играч за врска. Во минатата сезона настапи осум пати во ПМФЛ за Воска.

Од друга страна, Жаку (17) е играч за врска. Тој одигра 14 меча во ПМФЛ минатата сезона.

Двајцата потпишаа тригодишни договори со тимот на „романтичарите“.

Се вчитува...