По голема борба, во интересен и неизвесен натпревар во пет сета со многу пресврти, машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Романија во пет сета.
Младите македонски одбојкари загубија со 2-3 (25-19, 25-27, 30-28, 20-25, 12-15) загуби од Романија, во второто коло од групата А на Балканијадата во Бања Лука. И покрај поразот нашите надежи се во игра за пласман во полуфиналето.
Утре, во последното коло, во терминот од 15:30 часот, Македонија ќе се соочи со Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

