Младите македонски ракометари денеска славеа двојна победа против своите врсници од Бугарија, на третиот ден од турнирот во Балатонфуред во Унгарија.
Младинската репрезентација на Македонија ја победи селекцијата на Бугарија со 32-17. Македонската кадетска репрезентација пак триумфира со 41-29.
Утре и двете селекции ќе одиграат уште по еден натпревар со селекциите на Бугарија.
Настапот на турнирот во Унгарија е во склоп на подготовките на младите македонски селекции за настапите на ЕХФ шампионатите што ќе се одржат летово во Тбилиси и во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА