Младите низ финални подготовки за утрешниот дуел со Шведска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година денеска го одработи последниот официјален тренинг на националната арена „Тодор Проески” пред утрешниот дуел со Шведска во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Во претходното коло, избраниците на селекторот Драган Канатларовски, на домашен терен славеа против Гибралтар со 1-0. Шведската селекција во пријателски натпревар славеше убедлива победа со 6-1 над Кипар. Јасна е желбата кај македонските надежи да се дојде до триумф со кој ќе се остане во игра за првите две позиции на табелата во квалификациите.

Во првото коло од овој квалификациски циклус, избраниците на селекторот Драги Канатларовски славеа на гостински терен со 0-1 против утрешниот противник.

 

Се вчитува...