Кадетите на Академија Пандев не успеаја да дојдат до полуфиналето на меѓународниот турнир „Куп на Пријатество“ кој се игра во Златибор, Србија.
Во четвртфиналната пресметка младите „пандевци“ загубија од Борац Бања Лука од БиХ со 0-1. Победничкиот гол противниците го постигнаа од пенал во 24. минута.
Претходно, како што е познато, Академија Пандев славеше против Војводина и против Сараево, со идентични 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА