Втората сезона од младинската Лига на шампиони,стартува оваа пролет, а Македонија повторно ќе има свој претставник. Младата екипа на Е. Пелистер ќе ги брани боите на земјата и ќе се соочи со врсниците од Хрватска, Данска и Германија.
Битолчани се најдоа во Групата 2, а групната фаза ќе се одигра на 30. и 31. март 2026 година во хрватскиот град Пореч. Нивни противници ќе бидат младинскиот првак на Хрватска, РК Загреб, данскиот гигант Алборг и германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.
Според форматот на натпреварувањето, ждрепка ќе ги одреди полуфиналните парови, по што следат финале и меч за третото место. Само победникот од групата ќе обезбеди пласман на „фајнал-фор“ турнирот, кој традиционално ќе се одржи во Келн во јуни 2026 година. Екипата предводена од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски моментално доминира во младинскиот шампионат на Македонија, каде што реди само победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

