Двократниот европски шампион Вардар продолжува со максималниот ефект во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеше против Е. Пелистер 2 со 34-24 во меч од 13. коло од Суперлигата.
Младите битолчани му пружија голем отпор на противникот во првото полувреме, по кое домаќините изненадувачки имаа позитива од само три гола (14-11). Во второто полувреме „црвено-црните“ уфрлија во повисока брзина и на крајот славеа со убедливи 34-24.
Стојановски и Марчињак со по шест гола беа најаефикасни кај победникот, додека кај поразените Бојан Гичев истот така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

