Вториот тим на Еурофарм Пелистер рутински прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако денеска без многу мака славеше над Скопје со резултат 37-22. Фаворитската улога беше оправдана лесно и без апсолутно никакви проблеми, битолчани доминираа од првата до последнат аминута и покажаа дека и сезонава овој тим поседува значаен потенцијал со кој заслужува место во плејофот.
Битолскиот суперлигаш го отвори мечот со водство од 4-1, нешто подоцна водеше и 9-4, за предноста да расте како што минуваше првото полувреме, кое на крајот заврши со преубедливи 19-10. Во вториот дел домашниот тренер им даде шанса на сите ракометари, но тоа не се одрази врз нивото на игра на Еурофарм 2, домашните ракометари продолжија да ги диктираат темпото и резултат и на крајот заслужено се радуваа на победата изразена со конечни „плус петнаесет“.
Дванаесет различни ракометари се запишаа во листата на стрелци за победничкиот тим, а најефикасни беа Трпчевски со шест и Митревски со пет погодоци, додека прв стрелец на скопјани беше Андреј Митиќ со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА