Младинците на Е. Пелистер остварија фантастичен успех на турнирот во Букурешт, каде со две победи над Киелце и над Динамо Букурешт македонскиот тим успеа да се избори за место на фјаналфор турнирот во Келн во младинската лига на шампиони што ЕХФ за првпат ја организираше оваа сезона.
Mмладите пелистерци денеска беа пречекани во нивната Битола и тоа ни повеќе, ни помалку од своите посиксуни колеги кои ги бранат боите на сениорски тим на Е. Пелистер.
На фајнал-фор турнирот кој ќе се игра во Келн, Е. Пелистер за противник ќе ги има гигантите: Барселона и Веспрем, како и данскиот ГОГ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА