Младите Пелистерци против Фуксе Берлин за пласман на Ф4

Младинскиот ракометен шампион на Македонија, Е. Пелистер се пласираше во финалето од групната фаза за пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако денеска славеше против Алборг.

По одигрувањето на вториот натпревар од групата во Хрватска, младите пелистерци го дознаа и противникот во финалето.

Фуксе Берлин во вториот полуфинален меч го декласираше ППД Загреб со убедливи 50-29. Германците се први фаворити на турнирот и нашиот тим ќе има пеколно тешка задача во финалниот меч.

Се вчитува...