Ракометарите на Пелистер 2 рутински славеа над Прилеп со 28-25, правејќи уште еден чекор напред за обезбедување на место во плејофот.
Избраниците на Александар Јовиќ целата работа на денешниот натпревар ја завршија во првите 30 минути, во кои целосно доминираа на теренот. Раното водство од 5-1 беше најава за моќниот настап на младите „пелистерци“, кои лесно го контролираа резултатот во првото полувреме и на одмор заминаа со убедливи 17-10. Домаќините имаа и „плус осум“ во раната фаза од вториот дел (20-12), но опуштањето во нивните редови придонесе Прилеп да се врати и до крајот да намали на подносливи „минус три“ на оваа средба.
Кузманоски со шест и Стоилевски со пет погодоци беа најефикасни во победничката екипа, додека најзабележителни во таборот на Прилеп беа Чантурија со 11 и Шокоски со четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА