Младите по победа во Кишињев против Молдавија: Ако сакаме ЕП овој меч мора да се добие!

Младата репрезентација на Македонија денеска од 17 часот во Кишињев против Молдавија го игра третиот свој натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Македонските надежи имаа позитивен старт со триумф против Шведска на гостински терен, и незаслужен пораз од првиот фаворит во групата Холандија, па сето тоа носи дополнителен мотив пред пресметката со Молдавците која мора да се добие ако сакаме освојување на едно од првите две позиции во групата кои водат на ЕП.

„Пред нас имаме нов, предизвик, нов натпревари од кавилификациите против репрезентацијата на Молдавија. Со нетпрение го очекуваме овој натпревар, не само ние како стручен тим, туку и самите фудбалери. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и со позитивен резултат ќе се вратиме дома. Дуелот против Молдавија е од огромно значење за нас. Доколку сакаме да бидеме на едно од првите две места во нашата група, овој меч мора да се добие“ – вели пред мечот македонскиот селектор, Драган Канатларовски.

Македонија по два натпревари има три бода, и во моментов е на четвртата позиција, но со натпревар или два помалку од конкурентите во групата. Денешниот дуел во Кишињев се игра на стадионот на Зимбру со почеток од 17 часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025 (У21) – ГРУПА Ц

Кишињев (17 ч.): МОЛДАВИЈА – МАКЕДОНИЈА

Тбилиси (17 ч.): ГРУЗИЈА – ШВЕДСКА

Гибралтар (17:30 ч.): ГИБРАЛТАР – ХОЛАНДИЈА

Се вчитува...