Младата фудбалска репрезентација на Португалија до 21 година, која e во група заедно со Македонија, би можелa да биде без најдобрите фудбалери на претстојното Европско првенство во Полска. Петмината најдобри млади фудбалери се најдоа на поширокиот список на А-репрезентацијата на Португалија за Купот на конфедерации во Русија. Ова натпреварување ќе се игра од 17.јуни до 2.јули, и целосно се поклопува со ЕП во Полска со селекции до 21 година.
На списокот на селекторот на Фернандо Сантош, се најдоа Ренато Санчез (Баерн Минхен), Андре Силва (Порто), Бернардо Силва (Монако), Желсон Мартинс (Спортинг Лисабон), и Жоао Кансело (Валенсија). Станува збор за фудбалери кои имаат право на настап и за селекцијата до 21 година на Европското првенство во Полска, но речиси сигурно ќе добијат шанса за настап во А-тимот на Португалците на Купот на конфедерации.
Но, и без овие петмина фудбалери од врвна класа, младата репрезентација на Португалија ќе биде неверојатно силна. Во составот се очекува да бидат фудбалери како Диого Хота, Рубен Невеш, Брума, Мане…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА