Младата репрезентација на Македонија се чини ја брка една од последните шанси за враќање во игра за пласман на Европското првенство 2019 во Италија.
По двата претходни порази од Србија и од Гибралтар, селекцијата на Благоја Милевски денеска од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје против Австрија во обид за враќање на победите и активната можност за битка за една од првите две позиции во квалификациската група.
„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание“ – вели селекторот Благоја Милевски пред денешниот дуел.
Во однос на оној претходен натпревар со Гибралтар, Македонија сега ќе биде освежена и со тројца фудбалери од репрезентацијата до 19 години, Елмас, Митровски и Тодороски кои се приклучија дополнително на подготовките на барање на селекторот Милевски.
Од нашата квалификациска група денеска играат уште Ерменија и Србија, со почеток од 12 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА