Младата репрезентација на Македонија денеска од 16 часот на гостувањето против Ерменија во Ереван по прва победа во квалификациите за пласман на ЕП 2023.
Во четвртиот свој квалификациски дуел, фудбалерите до 21 година желни за триумф по претходните две ремија со Србија и со Фарските острови, и поразот од Франција.
Драган Канатларовски повторно се соочува со серија проблеми и за октомврискиот прозорец поради отсуството на четворица стандардни репрезентативци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија, а поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.
Сепак, меѓу младите македонски фудбалери постои оптимизам дека може да се дојде до посакуваниот триумф во Ереван.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023 – ГРУПА Х
Ерменија – МАКЕДОНИЈА (16 ч.)
Украина – Ф. Острови (17 ч.)
Србија – Франција (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА