Младата репрезентација на Македонија денеска од 18 часот во Тула на стадионот на ФК Арсенал против Русија го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2019.
Надежите во овој квалификациски циклус немаат никакви шанси за некаков позабележителен резултат, па сега единствено останува борба за себе, за рејтингот на мак-фудбалот, за докажување и престиж….
„Јасно е дека играме против силен противник утре на кого бодовите му се важни за пласман на ЕП. За нас иако мечот нема некое резултатско значење сепак тука сме со огромна желба за успех. Градиме една нова селекција која ќе може да игра и во следниот квалификациски циклус. Па, ќе играме за рејтинг, за нас самите и за Македонија и да покажеме дека во овие момци има квалитет“– вели селекторот Добринко Илиевски пред денешниот натпревар.
Македонија во Русија е ослабена со неиграњето на офанзивците Милан Ристовски и Тихомир Костадинов кои отпаднаа поради повреди.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – ГРУПА 7 (9. коло – 18 ч.)
Русија – МАКЕДОНИЈА
Србија – Австрија
ТАБЕЛА: Србија 24 бода, Австрија 18, Русија 16, Ерменија 8, МАКЕДОНИЈА 4, Гибралтар 3 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА