Младата репрезентација на Македонија, иако со голем број проблеми поради отсуството на серија фудбалери, силно на атак на победа против Црна Гора за крај на квалификациите за пласман на ЕП.
Избраниците на Благоја Милевски посакуваат со триумф да ги завршат квалификациите како потврда на второто место во групата веднаш зад Шпанија, што би било исклучителен успех, но и за рејтинг и потврда на успешниот циклус.
„Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни може да ветиме дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план“ – вели селекторот Благоја Милевски пред денешниот дуел.
Само поради промената, на сред квалификациски циклус, на начинот на пласман на ЕП на УЕФА, поради пандемијата на коронавирусот, Македонија како второпласирана нема да има можност за бараж за место меѓу најдобрите на Стариот континент. Но, поради помалиот број бодови во однос на второпласираните селекции од останатите групи нема да може да игра на ЕП. УЕФА одлучи пет најдобри второпласирани репрезентации од групите да обезбедат место на ЕП, меѓу кои нема да е Македонија и да победи денеска против Црна Гора. Но, Благоја Милевски и репрезентативците оставаат успешен циклус кој го отвора патот на добар дел млади фудбалери и кон А-селекцијата во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА