Младите ракометари два пати супериорни против Црна Гора

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија покажа дека поседува значаен потенцијал откакоо за време на овој празничен период одигра две контроли со Црна Гора, стигнувајќи до две убедливи победи над овој противник.

Избраниците на селекторот Кузманоски одиграа беспрекорен меч вчера, славејќи со 36-21, а денеска во вториот дуел во СЦ „Јане Сандански“ покажаа повеќе „милост“ кон противникот, триумфирајќќи „само“ со седум гола предност (31-24).

Првото полувреме донесе израмнет ракомет во кој Македонија имаше минимално водство од 14-13, за „црвено-жолтите“ целосно да доминираат во вториот дел и да стигнат до убедлива победа.

Севкупно гледано, одлично искористен период за квалитетни контроли пред главниот предизвик за оваа селекција, настапот на ЕП во Србија во август 2026.

Се вчитува...