Македонските млади ракометари до 20 години се новите македонски херои кои прикажаа извонредна игра, но и голема борбеност и пожртвуваност на Европското првенство кое изминатиот прериод се одржа во Словенија.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ на шампионатот во поранешната југословенска држава забележаа четири победи, две ремиња и само еден пораз со што го завршија настапот на деветтата позиција пред селекции како Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Полска, Словенија…
Ракометната федерација на Македонија поради големиот успех реши да им даде премија од 1 милион денари на ракометарите за големиот успех.
„Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 22.07.2024 година донесе одлука за доделување на парична награда. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопштението од Куќата на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА