Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го совлада Чиле со 32-26 во единствениот контролен натпревар пред Светското првенство кое од вторник ќе се игра во нашата земја.
Мартин Серафимов со 7 гола беше најдобар поединец во нашиот тим. Симоновски даде 6 гола, додека пет пати во листата на стрелците се запишуваше Младеновиќ. На голот Кизиќ запиша 8 интервенции.
Првиот натпревар избраниците на Данило Брестовац на Светското првенство ќе го играат во вторник кога во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се сретнат со репрезентацијата на Аргентина. Покрај Аргентина во нашата група уште се наоѓаат и репрезентациите на Данска, Јапонија, Бахраин и Нигерија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА