Младинската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Романија со резултат 27-21, на стартот од турнирот Карпати што се одржува во Клуж. Овој град беше среќен за нашата сениорска репрезентација во баражот за СП 2019, но младинците не се снајдоа најдобро, одиграа слабо во првото полувреме и заслужено го загубија натпреварот.
Мечот беше решен уште во првите 30 минути игра, во кои домашната селекција целосно доминираше и поведе со 15-9. Иако заигравме нешто подобро во вториот период, Романците сепак умешно ја задржаа предноста до самиот крај.
Македонија продолжува со настапите на „Трофеј Карпати“ со утрешниот дуел против селекцијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА