Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе нема нималку лесна задача на претстојниот ЕХФ шампионат што летово ќе се одржи во Скопје.
Избраниците на Данило Брестовац се најдоа во групата Б, каде ќе ги одмерат силите со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија. И додека Британците и Италијанците важат за аутсајдери, се очекува Швајцарците и пред се Украинците да бидат главна пречка за нашите младинци во обид да се дојде до првото место во групата и финале на овој ЕХФ шампионат.
Тоа само по себе би значело и пласман во повисок ранг, односно во елитното друштво на наредниот европски шампионат за младинци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА