Младите ракометарки ја победија Хрватска и го избегнаа „фенерот“ на ЕП

Македонската женска ракометна селекција до 19 години ја совлада Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.

Ова е прва победа за Македонија, по шесте порази, денеска се бореа да го избегнат последното место.

Победата во голема мера беше решена уште по првиот дел, кога ракометарките се стекнаа со предност од 10 разлика (18-8). Хрватската репрезентација се обиде да се врати во мечот во вториот дел, и стигна до негатива од три арзлика. Меѓутоа македонските ракометарки одлично одговорија на овој притисок, и на крајот дојдоа до триумф.

Се вчитува...