Младите ракометарки едвај го победија Косово на ЕХФ-шампионатот

Младинската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години ќе се борат за петтото место на ЕХФ шампионатот што се одржува во Литванија. Откако по двата порази од Швајцарија и Литванија не успеаја да стигнат до полуфиналето, нашите репрезентативки на крајот стигнаа до битка за утешната петта позиција, по денешниот триумф над Косово од минимални 31-30 во разигрувањето за пласман.

Мечот мина во израмнета битка, Македонија на полувреме имаше предност од 14-12, за на крајот да триумфира со еден гол разлика. „Црвено-жолтите“ пред крајот имале предност од 31-27, но самите си ја искомпликувале судбината и на крајот стигнаа до минимален триумф.

Најефикасни во нашиот табор беа Седлоска со осум и Динарица со шест погодоци, а во таборот на Косово младата Реџепи постигна дури 18 погодоци на натпреварот.

Се вчитува...