Mладите ракометарки подобри и од Кина на контролата пред СП

Откако вчера на рутински и убедлив начин славеа против Бразил со 38-29, женската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години стигна до победа и на денешниот меч против Кина од 34-31.

Во првиот дел целата работа околу победникот ја завршија нашите девојки откако имаа 19-14. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 34-31. Младинките на Македонија на Светското младинско првенство ќе играат во група заедно со репрезентациите на Исланд, САД и Ангола.

Во финалето на подготвителниот турнир кој се игра во спортската сала во Автокоманда, нашите девојки ќе играат против селекцијата на Исланд.

Се вчитува...