Македонската репрезентација за ракометарки до 19 години го претрпе и шестиот пораз во низа на шампионатот што се одржува во Словенија, откако „црвено-жолтите“ денеска беа поразени и од селекцијата на Португалија со резултат 35-22.
Станува збор за меч од разигрување од 13. до 16. место, во кој нашите ракометарки петнаесетина минути беа достоен ривал, имаа и минимална предност, за на одмор да се замине со предност на Португалија од 17-12. Македонските ракометарки повторно одиграа солидно во првите десет минути од вториот дел, за потоа да дојде до целосен колапс во нашата игра, за нов двоцифрен пораз изразен со конечни 13 гола разлика.
Македонија во мечот за бегство од „фенерот“ за противник ќе ја има Србија, која денеска загуби од Хрватска со 27-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА