Женската младинска репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на ЕХФ Европското првенство што се одржува во Црна Гора, откако нашите млади ракометарки денеска загубија од Португалија (28-29), по што им преостанува борба за 23. место на овој шампионат.
Македонските ракометарки одлично го почнаа мечот, поведувајќи со четири гола разлика (5-1, 6-2). Сепак, како што одминуваше времето така позитивата се истопи, на одмор имавме „плус два“, но Португалките во второто полувреме успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Клучна беше средината на второто полувреме кога по предноста на Македонија од 21-18 следеше серија на противникот и водство на Португалија од 22-25, по што оваа селекција успеа рутински да го приведе мечот до крај и да стигне до победата.
Миленкоска со шест гола беше прв стрелец, зад неа на листата на стрелци со по пет погодоци беа Конеска и Беровиќ.
Наш противник во мечот за 23. место ќе биде Литванија, која денеска загуби убедливо на дуелот против Финска со 34-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

