Младите ракометарки поразени и од Швајцарија, па ќе се борат за 21. место на ЕП

Младата женска репрезентацијата на Македонија за ракометарки до 19 години загуби од Швајцарија убедливо со 33-23 (17-10), во разигрувањето за пласман од 17. до 24. место на Европското првенство во Црна Гора.

Па, на тој начин Македонија во последните два меча ќе разигрува за пласман од 21. до 24. место.

И покрај убедливиот пораз, голманката Гошевска беше одлична со 15 интервенции и таа спречи и поубедлива предност на противничките уште во првото полувреме. Лашкоска се издвои со шест погодоци од исто толку обиди. По четири гола постигнаа Конеска и Тодоровска.

Утре македонските ракометарки ќе играат со поразениот од дуелот меѓу Словенија и Португалија.

Се вчитува...