Македонската женска ракометна репрезентација до 20 години ремизираше со 28-28 против силната Португалија на Светското првенство кое се игра во нашиот главен град Скопје и тоа во натпревар во кој „црвено-жолтите“ можеа и да се радуваат на победа и покрај големите проблеми со повреди.
Португалките веа фаворитки на натпреварот, но нашите девојки покажаа храброст и борбеност со која го освоија првиот бод во втората фаза од натпреварувањето.
Македонија на самиот старт имаше предност од 4-2, но првото полувреме сепак го одбележа максимално изедначена игра и минимална предност за нашите девојки од 14-13 на полувремето.
Моментумот на Македонките продолжи и во второто полувреме за во еден момент и да ја имаме највисоката предност од четири голови (19-23), но финишот од средбата им припадна на Португалките кои во неизвесна завршница успеаја да стигнат до изедначување.
Сара Стефаноска со девет гола беше предводеничка на натпреварот, а неа ја следеше Борјана Коцева со пет постигнати гола. Голманката Матеја Чурлиновска имаше 17 одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА