Младинската македонска репрезентација запиша и втор пораз на „Трофејот Карпати“ во Романија, откако денеска беа поразени од врсничките на Швајцарија со 34-26.
Швајцарките уште од стартот на натпреварот доминираа, добро отворија со предност која ја одржуваа до крајот на мечот, и покрај тоа што вториот дел заврши со „егал“ 15-15.
Утре селекцијата на Македонија игра против Србија, со што ќе ги завршат настапите на овој трофеј. Во првото коло загубија од Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

