Младинската репрезентација на Македонија во последниот меч од главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје, претрпеа пораз од Црна Гора со 26-23, и така завршија на последното место во групата, а Црногорките финишираа на третата позиција.
Пласманот во 1/4 финалето од нашата група обезбедија Португалија и Исланд, додека Македонија ќе се бори за пласман од 13 до 16 место.
Поразот од Црна Гора дојде во финишот од средбата. Откако Македонија добро се држеше, и имаше шанса да дојде до подобар резултат, сепак, клучно беше тоа што на пет минути пред крајот Црна Гора поведе со четири разлика 24-20, и така дојде до триумфот.
Вукчевиќ беше незапирлива со 13 гола, додека Ива Младеновска кај Македонија беше најефикасна со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА