Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија славеше со убедливи 33-15 над Косово на стартот на ЕХФ шампионатот што се одржува во Литванија.
Нашите млади ракометарки целата работа ја завршија во првите дваесет минути игра, во кои го демолираа противникот, поведувајќи со 13-1 и експресно решавајќи го прашањето на победник на оваа средба. Косово до крајот на полувремето стигна до пет постигнати гола, но Македонија имаше удобни „плус дванаесет“ (17-5) на паузата).
Ваквиот резултат овозможи селекторот Савевски да им даде шанса и на останатите ракометарки, што воопшто не се одрази врз резултатот, па Македонија до крајот ја зголеми позитивата до конечните „плус осумнаесет“ (33-15).
Јовановска бранеше одлично на голот на Македонија, додека во фазата на нападот најефикасни беа Јанкуловска со шест и Дукоска и Еленин со по пет погодоци.
Нашите млади ракометарки утре за противник ќе го имаат домаќинот Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА