Младата македонска женска ракометна репрезентација забележа нов пораз на Европскиот шампионат во Романија. Во разигрувањето за подобар пласман, врсничките од Србија беа подобри од Македонија победувајќи со 30-19.
Младите Србинки уште од стартот беа одлични, наметнаа свој ритам и на полувреме заминаа со шест голови предност (14-8). Во вториот дел продолжија со исто темпо, и го добија и тоа полувреме за конечна победа од 11 поени разлика.
Во македонскиот состав Нестороска беше најефикасна со пет гола. По овој пораз е јасно дека македонската репрезентација ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА